Изар
река во Австрија и Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Изар (германски: Isar) — река во покраините Тирол (Австрија) и Баварија (Германија). Извира во венецот Карвендел на Алпите во Тирол. Навлегува во Германија кај Митенвалд и тече низ Бад Телц, Минхен и Ландсхут, па се влева во Дунав кај Дегендорф. Долга е 295 км и со тоа четврта по големина во Баварија, по Дунав, Ин и Мајна. Важи за втора најзначајна притока на Дунав во Германија, по Ин.
Кратки факти Изар, Местоположба ...
Изар | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Дунав 48°48′11″N 12°58′35″E |
Должина | 295 км |
Особености на сливот |
Затвори