Исправи се, Делфина
филм од 1977 г. во режија на Александар Ѓурчинов / From Wikipedia, the free encyclopedia
Исправи се, Делфина — македонски филм од 1977 г. на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан — препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи.[1][2] Самата Бојаџи која со прекар „Охридскиот Делфин“ (оттука и името на главната улога) е еден од соработниците на филмот[3], а и се појавува во една сцена од него — при излегувањето од водата од Ламанш.[1]
Кратки факти „Исправи се, Делфина“, Режисер ...
„Исправи се, Делфина“ | |
---|---|
Плакат на филмот | |
Режисер | Александар Ѓурчинов |
Сценарист | Александар Ѓурчинов |
Главни улоги | Столе Аранѓеловиќ Неда Арнериќ Дарко Дамески Сабина Ајрула-Тозија Слободан Димитриевиќ Диме Илиев Благоја Чоревски Милица Стојанова Панче Камџик Јон Исаја Емилија Андреева Ристо Стефановски Мајда Тушар Крум Стојанов Мара Исаја |
Музика | Славе Димитров |
Кинематографија | Киро Билбиловски |
Монтажа | Димитар Грбевски Лазар Паковски |
Дистрибутер | Вардар филм |
Премиера | 1977 |
Времетраење | 101 мин. |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Затвори