Историски речник на Швајцарија
енциклопедија на историјата на Швајцарија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Историски речник на Швајцарија — енциклопедија за историјата на Швајцарија, која целела да ги земе во обѕир резултатите на современите историски истражувања со цел да ги направи достапни на пошироката јавност.
Енциклопедијата е објавена од фондација под патронат на Швајцарската академија на општествените науки (SAGW/ASSH) и Швајцарското историско друштво (SGG-SHH) и е финансирана од националните истражувачки грантови. Покрај 35. вработени во средишните канцеларии, придонесувачи биле 100 академски советници, 2.500 историчари и 100 преведувачи.