Калидаса
From Wikipedia, the free encyclopedia
Калидаса — индиски поет и драматург и еден од најпознатите писатели на санскрит.[1] Живеел најверојатно околу 400 година за време на Гупта царството.[1] Го сметале за еден од деветте драгоцености на дворот на кралот Викрамадитје. Неговите дела биле главно инспирирани од хинду митологијата и филозофијата.
Калидаса | |
---|---|
Споменик на Калидаса | |
Занимање | Поет |
Период | 4-5 век |
Жанр | Санскритска драма, Класична литература |
Предмет | Епска поезија, Пурана |
Значајни дела | Шакунтала, Викраморвашија, Малавикагнивитра, Малавика и Агнимитра |
Освен неговите дела, сѐ друго од неговиот живот со сигурност не може да се потврди.[2] Не се знае точно каде и кога живеел.[3] Според легендата, поетот бил познат по својата убавина, поради што во него се вљубила принцеза со која тој подоцна и се оженил. Но, според истата легенда, Калидаса не бил особено образован, па принцезата се срамела од неговата неукост и грубост. Бидејќи бил посветен верник на божицата Кали (неговото име во буквален превод значи слуга на Кали), тој ја повикал божицата во помош тогаш кога сакал да изврши самоубиство поради потсмевот на сопругата. Божицата му помогнала така што го наградила со особен ум. Тогаш, тој станал еден од деветте драгоцености на дворот. Според легендата тој бил на крај убиен од куртизана во Шри Ланка, за време на владеењето на Кумарадаса.
Неговите најпознати дела се: „Малавикагнивитра“, „Шакунтала“, „Викраморвашија“, „Малавика и Агнимитра“ и други.