Кармело Ентони
Американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Предлошка:Pp-semi-blp
Ентони со Никси во март 2013 година | |
број 7 – Лос Анџелес Лејкерс | |
---|---|
Крило | |
Лични информации | |
Роден на | 29 мај 1984(1984-05-29) (39 г.)[1] Бруклин, Њујорк |
Националност | Американец |
Височина | 6 ст 8 ин (2.03 м) |
Тежина | 230 lb (104 kg) |
Информации за кариера | |
Средно училиште | Католичкото средно училиште Тосон Академијата Оук Хил |
Колеџ | Сиракјуз (2002–2003) |
НБА драфт | 2003 / Круг: 1 / Избор: 3-ти вкупно |
Одбран од Денвер Нагетс | |
Професионална кариера | 2003–сѐ уште |
Историја на кариера | |
2003 –2011 | Денвер Нагетс |
2011 –2017 | Њујорк Никс |
2017 –2018 | Оклахома Сити Тандер |
2018 –2019 | Хјустон Рокетс |
2019 –2021 | Портланд Треил Блејзерс |
2021 –present | Лос Анџелес Лејкерс |
Кармело Киам Ентони (англиски: Carmelo Kyam Anthony) (роден на 29 мај 1984) со прекар „Мело“ е американски професионален кошаркар кој игра за Лос Анџелес Лејкерс во Националниот кошаркарски сојуз (НБА). После успешната средношколска кариера во Католичкото средно училиште „Тосон“ и академијата „Оук Хил“, Ентони студираше на Универзитетот Сиракјуз каде што ги водеше „Портокаловите“ до нивната прва титула во 2003 година. Ја доби наградата за Најневеројатен играч и беше именуван за најдобар играч од Истокот во НЦАА. После една сезона во Универзитетот Сиракјуз, Ентони го напушти колеџот за да влезе во НБА-Драфтот во 2003 година, каде што беше избран за трет пик од страна на Денвер Нагетс. Неколку дена пред затворањето на предодниот рок во 2001 година, Мело беше пратен во Никс.
Откако влегол во НБА, Ентони станал еден од најпознатите и најпопуларни играчи во лигата.Беше именуван во петторката на најдобри млади играчи, шест пати беше избран во All-Star тимот и пет пати во најдобрата петторка на НБА. Ентони ги водеше Нагетси до две дивизиски титули и во плејофот секоја година од 2004 до 2010 година. Во 2009 година, им помогна на Нагетси да стигнат до конференциското финале по првпат после 1985 година. Како член на Американската репрезентација, Ентони освои бронзен медал на Олимпијадата во 2004 година и златни медали на Олимпијадите во 2008 и 2012 година. На 2 август 2012 година, Кармело Ентони го собори американскиот олимписки рекорд во постигнати бодови на натрпевар кога постигна 37 бода против Нигерија.