Кај Сигбан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кај Сигбан (шведски: Kai Siegbahn 20 април 1918 – 20 јули 2007 ) — шведски физичар.[1]
Кај Сигбан | |
---|---|
Сигбан во 1981 година | |
Роден(а) | 20 април 1918(1918-04-20) Лунд, Шведска |
Починал(а) | 20 јули 2007(2007-07-20) (возр. 89) Енгелхолм, Шведска |
Националност | Швеѓанец |
Полиња | физика |
Установи | Стокхолмски универзитет Упсалски универзитет |
Образование | Стокхолмски универзитет |
Познат по | високоразделна електронска спектроскопија |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1981) |
Сигбан е роден во Лунд, Шведска, како син на Мане Сигбан добитникот на Нобеловата награда на физика во 1924 година. Сигбан својот докторат го стекнал на Стокхолмскиот универзитет во 1944 година. Тој бил професор на Кралскиот институт за технологија од 1951 до 1954 година, за подоцна како професор по експериментална физика на Упсалскиот универзитет од 1954 до 1984 година, истото работно место на кое работел неговиот татко. Тој ја поделил Нобеловата награда на физика со Николас Блумберген и Артур Леонард Шавлов за нивната работа на ласерската спектроскопија.[2]
Сигбан ја добил Нобеловата награда за развојот на новиот метод на електронска спектроскопијаза хемиска анализа, денес опишана како рендгенска фотоелектронска спектроскопија. Во период на наеговата смрт тој сè уште бил активен како научник во Ангстремовата лабораторија при Упсалскиот универзитет.