Келн/Бон (регион)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Регионот Келн/Бон (германски: Region Köln/Bonn или Metropolregion Köln/Bonn) — метрополитенска област во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, покривајќи ги градовите Келн, Бон и Леверкузен, како и окрузите Рајнско-бершки, Горнобершки, Рајна-Ерфт и Рајна-Зиг. Регионот покрива површина од 3.839 км² со 3,13 милиони жители[1] (густина на население од 815/км²).
Регионот Келн/Бон е основан од локалните власти на административниот округ Келн во 1992, врз основа за промовирање на заедничките политики во регионалното и урбаното планирање, сообраќај, развој и инвестиции. Најистакнатите кооперации се аеродромот Келн/Бон и Verkehrsverbund Rhein-Sieg (Сообраќаен сојуз Рајна-Зиг). Регионот Келн/Бон се наоѓа во рамките на поголемиот регион Рајна-Рур и претставува баланс на поинтегрираната Рурска област, која исто така се наоѓа во рамките на Рајна-Рур. Од 2008, студиите ги земаат предвид и градовите од регионот Долна Рајна (најпознат е градот Диселдорф) во регионот, со цел да го оформат т.н. метрополитенски регион Рајнска област (Metropolregion Rheinland)[2].