Китира
From Wikipedia, the free encyclopedia
Китира или Китера[2] (грчки: Κύθηρα) — остров во Грција, кој се наоѓа јужно од полуостровот Пелопонез. Островот традиционално е наведен како еден од седумте главни Јонски Острови, иако е далеку од главната група. Административно, островот припаѓа на регионалната единица Острови, која е дел од регионот на Атика (иако e на голема оддалеченост од самата Атика).
Китира Κύθηρα | |
---|---|
Местоположба во областа 2011 Dimos Kythiron.png | |
Координати: 36°15′N 23°00′E | |
Земја | Грција |
Област | Атика |
Округ | Острови |
Површина | |
• Општина | 300,0 км2 (1,000 ми2) |
• Општ. един. | 279,6 км2 (1,080 ми2) |
Надм. вис. | &10000000000000506000000506 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. | 4.041 |
• Општ. густина | 1,3/км2 (3,5/ми2) |
• Општ. един. | 3.973 |
• Општ. един. густина | 1,4/км2 (3,7/ми2) |
Заедница | |
• Население | 665 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 801 00 |
Повик. бр. | 2736 |
Рег. таб. | Z |
Мреж. место | www.kythira.gr |
Островот е стратешки сместен помеѓу грчкото копно и Крит, а од античките времиња до средината на 19 век претставувал крстосница на трговци, морнари и освојувачи. Островот има долга и разновидна историја и бил под влијание на многу цивилизации и култури, кое се рефлектира во неговата архитектура (мешавина од традиционални, егејски и венецијански елементи), како и традициите и обичаите, под влијание на грчката, венецијанската и отоманската култура.