Кони Френсис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кончета Роза Марија Франконеро (родена на 12 декември 1937 година),[2] професионално позната како Кони Френсис, е американска поп пејачка и глумица од доцните 1950-ти и раните 1960-ти. Го носи прекарот „Прва дама на рокенролот“, [3] а се проценува дека ширум светот продала преку 100 милиони плочи . [4]
Кратки факти Кони Френсис, Животописни податоци ...
Кони Френсис | |
---|---|
Кони Френсис во 1961 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кончета Роза Марија Франконеро[1] |
Роден(а) | 12 декември 1937(1937-12-12) (86 г.) Њу Арк, Њу Џерси, САД |
Жанрови |
|
Занимања |
|
Инструменти | |
Период на активност | 1943–2018 |
Издавачи |
|
Мреж. место | Official website |
Затвори
Во 1960 година, Кони Френсис се сметала за најуспешна жена уметник во Германија, Јапонија, Обединетото Кралство, Италија, Австралија и во секоја друга земја каде што се купувале нејзините плочи.[5] Таа била прва жена која се искачила на прво место на Billboard Hot 100.[6]