Коптичката православна црква — главна христијанска црква во Египет. Денеска, таа претставува најголема црква во земјата, со околу 90% од вкупниот број на христијани во земјата,[1], или ококу 15.000.000 верници[2][3][4][5][6][7][8][9][10][11]. До XVIII век се нарекувала само Египетска црква. Доктрински се совпаѓа со источното православие, освен што смета дека Исус имал чиста божествена природа и никогаш не станал човек, верување што Советот на Халкедон го одбил (види: монофизитски ерес) во 451 година[12]. По освојувањето од Арапите (7 век) книги за служба биле пишувани со коптик и арапски во паралелни текстови. Црковната власт е демократска, а патријархот, кој живее во Каиро, се избира. Има конгрегации надвор од Египет, особено во Австралија и САД и црквата е во заедништво со етиопската, ерменската и сириската јакобинска црква.
Коптска православна црква на Александрија Ϯⲉⲕ̀ⲕⲗⲏⲥⲓⲁ ̀ⲛⲣⲉⲙ̀ⲛⲭⲏⲙⲓ ̀ⲛⲟⲣⲑⲟⲇⲟⲝⲟⲥ |
Коптски православен крст „Исус Христос, Син Божји“ |
Основач | Апостол Марко |
Независност | Апостолска ера |
Признавање | Древноисточни цркви |
Поглавар | Теодор II |
Седиште | Александрија и Каиро во Египет |
Територија | Египет, Нубија, Судан, Киренајка, Либија и Африка |
Власт | Близок Исток, Канада, Велика Британија, Западна Европа, Јужна Америка, Австралија, Нов Зеланд, Океанија, Југоисточна Азија и Кариби |
Јазик | коптски, грчки, арапски, англиски, француски, германски, свахили, африканс |
Верници | ~20.000.000 ~16.000.000 во Египет |
Портал | Мрежно место на коптскиот папа
Официјално мрежно место |
|