Корисник:Тиверополник/облека2
From Wikipedia, the free encyclopedia
Облекувањето во периодот на Романиката
Развојот на средновековната облека може да биде поделен во три периоди: доромански (6-10 век), романски (10-12) и готски период (12-14). Во периодот на раниот среден век, облеката како и материјалите сеуште се изработувале во зависност од местото на живеење на феудалците. Дури во текот на 11 век, со развојот на градовите и рачното производство, започнале да се појавуваат мали шивари за шиење на облека, каде најчесто како основен материјал за изработка била волната, која останала примарна ткаенина за облека од сите класи, додека започнал да се употребува и ленот а свилата, како и во претходниот период, останала достапна единствено за аристократските семејства главно поради својата висока цена. Крзното се носело како внатрешна обвивка за да се постигне поголема топлина. Исклучително популарно било крзното од верверица, кое може да се види во многу ракописни илустрации.
Романската уметност се однесува на уметноста на Европа од крајот на 10 век и траела до појавата на готскиот стил кон крајот на 12 век. Овој стил бил првиот стил што се раширил низ цела Католичка Европа. Терминот Романика бил усвоен од историчарите на уметноста од 19 век за да се опише архитектурата од 11 и 12 век која имала одлики на класичната римска архитектура. Како термин во модата, името е малку погрешно бидејќи европските облеки од овој период не содржале класични римски стилови на ист начин како што било во архитектурата. Во овој период немало значителни промени во облеката од претходните периоди. Таа останала многу слична во времето на Каролинзите (династија која владеела со Франкија), а мала промена се случила кон средината на 12 век, кога долгите облеки влегле во општа употреба. Но, треба да се напомене дека фустанот се оддалечил од византискиот фустан на еден важен начин -бил машката облека била многу поразлична од женската. Естетски стилот на романиката бил едноставн, со долга, текстурирана ткаенина, била користена волната, ленот или крзното. Боите кои се користеле биле сини, црвени, жолти, зелени. Богатите носеле облека со силни контрасни бои, како сина или пурпурна, додека обичниот народ носел темно сиви и кафеави бои. Жолтата боја не се носела, бидејќи се сметала за боја на неверство и омраза.
- Туника (tunic)
- Памучна долна облека (chemise)
- Стола (bliaut)
- Горжет (gorget)
- Наметка со капа (liripipe)
- Вид на хулахопки (hose)
- Долни панталони како гаќи (braies)
- Брич панталони (breeches)