Корпускуларно-бранов дуализам
физички закон / From Wikipedia, the free encyclopedia
Корпускуларно-бранов дуализам — својство на секоја елементарна честичка или квантен субјект да покажува својства не само на честичките, туку и на брановите. Тоа се однесува на неможноста на класичниот концепт на "честичките" или "брановите" целосно да го опише однесувањето на квантни-размери на објектите.Како што вели Ајнштајн: "Се чини дека понекогаш ние мораме да користиме една теорија, а понекогаш друга, додека пак некогаш можеме во исто време и двете да ги користиме. Се соочуваме си нов вид на тешкотии. Имаме две контрадикторни слики на реалноста; оделно ниту една од нив не го објаснува целосно феноменот на светлината, но заедно тоа го прават".[1]
Преку работата на Макс Планк, Алберт Ајнштајн, Луј де Број, Артур Комптон, Нилс Бор и многу други, моменталната научна теорија вели дека сите честички исто така имаат бранова природа (и обратно).[2] Овој феномен е потврден не само за елементарните честички, туку и за соединети честички како што се атоми или молекули. За макроскопски честички, поради нивните екстремно мали бранови должини, брановите својства неможат да бидат откриени.[3]
Иако употребата на корпускуларниот-бранов дуализам работи добро во физиката, значењето или интерпретацијата не се задоволително решени; погледни интерпретација на квантна механика.
Нилс Бор го смета "дуалниот парадокс" како основен или метафизички факт на природата. Со оглед на видот на квантните објекти ќе се покаже понегогаш бран, понекогаш честичка, карактер, во зависност на физичките опции. Тој гледа двојност како аспект на концептот на комплементарност.[4] Бор сметал дека одрекувањето од причинкиот ефект, или комплементарно од време-просторната слика од важност за квантно механичките согледувања.[5]
Вернер Хајзенберг го разгледал понатаму прашањето. Тој гледа дуалност како присуство на сите квантни субјекти, но не во вообичаената квантна механика на Бор. Тој го гледа тоа во она што се нарекува втора квантизација, која создава нов концепт на области кои постојат во обичниот простор-време. Класичните вредности на полиња ( како на пример електричното и магнетното поле предности на Максвел) се заменети со нов вид вледност на поле, како што се смета во квантна теорија за полето. Се смени мислењето дека обичната квантна механика може да биде изведена како специјализирана последица на квантната теорија за полето.[6][7]