Коса (орудие)
земјоделска алатка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Коса – земјоделско орудие за косење трева направено во облик на долго свиено сечиво и прицврстено на долга дрвена дршка[1]. Покрај за трева, косата се користела и за косење житарки. Настанала во античко време и долго била најважната алатка за косење. Во текот на милениумите добивала најразлични облици.