Коскени риби
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во коскени риби (односно класата Osteichthyes) спаѓаат најголемиот дел од рибите, со околу 24,000 видови кои ја населуваат речиси секоја водна површина на Земјата. Поделени се во две групи: резноперкови (Sarcopterygii) и зракоперкови (Actinopterygii) риби. Резноперкови риби се дводишалките, мала група на примитивни риби кои дишат воздух, како и целакантините, за кои до неодамна се сметаше дека се изумрени, но пронајден е еден жив претставник: латимеријата.
Коскени риби Период: доцен силур - денес | |
---|---|
Атлантска харинга, Clupea harengus | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Потколено: | ‘Рбетници |
Инфраколено: | ‘Рбетници со вилица |
Наткласа: | Osteichthyes Хексли, 1880 |
Класи | |
Зракоперковите риби се поделени во две поголеми групи: примитивните есетри и кечиги, и понапредните новоперкови риби. Најпознатите видови на риби припаѓаат на новоперковите. Такви се харингата и јагулата. Други новоперкови риби се мрената, пастрмкокраповиите (меѓу кои спаѓаат и пираните) и сомот, кои ги населуваат слатките води во тропските предели и наоколу. Лососите се адаптирале за живот на бреговите на северните океани, но тие дел од својот живот поминуваат и во слатките води. Постојат преку 9000 видови на костреши (вклучувајќи ја и туната), правејќи ги најголемиот ред на ‘рбетници. Перкиите и нивните роднини се доминантните риби во тропските морски води.