Кралство Вестфалија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Вестфалија (германски: Königreich Westphalen) — сателитска држава на Франција во денешна Германија, која постоела од 1807 до 1813 година. Додека кралството било формално независно, со него управувал братот на Наполеон, Жером Бонапарта. Името го добило по Вестфалија, но ова било погрешно име бидејќи кралството имало мала заедничка територија со таа област. Регионот претежно покривал територија порано позната како Истфалија.
Кралство Вестфалија | ||||||
Königreich Westphalen (Германски) Royaume de Ouestphalie (Француски) | ||||||
Држава на Рајнски Сојуз (1807–13) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Кралство Вестфалија во 1812 година | ||||||
Главен град | Касел | |||||
Јазици | Француски, Долногермански | |||||
Уредување | Уставна монархија | |||||
Крал | ||||||
- | 1807–1813 | Жером Бонапарта | ||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1807 | ||||
- | Битка кај Лајпциг | 19 октомври 1813 | ||||
Површина | ||||||
- | 1809 | 37883 км² | ||||
- | 1810 | 63652 км² | ||||
- | 1812 | 45427 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1809 | 1950724 | ||||
Густина | 51.5 жит/км² | |||||
- | 1810 | 2600000 | ||||
Густина | 40.8 жит/км² | |||||
- | 1812 | 2065970 | ||||
Густина | 45.5 жит/км² | |||||
Наполеон го наметнал првиот пишан модерен устав во Германија, централна администрација во француски стил и земјоделски реформи. Кралството ги ослободило кметовите и им дало на сите еднакви права и право на судење со порота. Во 1808 година Кралството ги усвоило првите германски закони со кои на Евреите им се доделувале еднакви права, со што се обезбедил модел за реформи во другите германски држави. Се чинело дека Вестфалија била прогресивна во итно донесување и спроведување на новите реформи.
Земјата била релативно сиромашна, но Наполеон барал големи даноци и плаќања и регрутирал војници. Мал број од војниците кои марширале со Наполеон во Русија во 1812 година се вратиле. Кралството банкротирало до 1812 година. Кога Наполеон се повлекувал пред сојузничките напредувања во 1813 година, Кралството било совладано од сојузниците и (во 1815 година) повеќето од неговите територии станале пруски. Најголем дел од реформите сепак останале.[1]