Крис Браун
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристофер Морис „Крис“ Браун (роден на 5 мај 1989 г.) е американски пејач, текстописец, рапер, танчер и глумец. Тој е роден во Тапаханок, Вирџинија. Браун сам се научил да пее и да танцува кога бил мал. Тој исто така пеел во црковниот хор и учествувал во повеќе локални шоуа за талент. Во 2004 г. потпиша договор со продуцентската куќа Jive Records, и по една година го издаде својот прв албум нарачен по неговото име. Албумот се искачи на второ место на американската табела Билборд 200. На него е и хит синглот "Run It!" којшто се најде на прво место на топ-списокот на Билборд Хот 100, правејќи го Браун првиот машки артист што успеал да го има својот прв сингл на прво место на топ-листата после Диди во 1997 г. Албумот Крис Браун беше двапати сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Крис Браун | |
---|---|
Браун настапува на Супафест Австралија во април 2012 г. | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кристофер Морис Браун |
Роден(а) | 5 мај 1989(1989-05-05) (34 г.) |
Потекло | Тапаханок, Вирџинија, САД |
Жанрови | РнБ, Поп, хип-хоп, денс |
Занимања | Пејач, текстописец, рапер, танчер, глумец |
Период на активност | 2004–денес |
Издавачи | Jive, Zomba, RCA |
Соработници | Џуелз Сантана, Лил Вејн, Бау Уау, Т-Пејн, Ријана, Кери Хилсон, Тига, Кевин МекКол, Лудакрис, Ејс Худ, Џастин Бибер, Гејм, Баста Рајмс, Биг Шон |
Мреж. место | chrisbrownworld.com |
Вториот студиски албум на Браун, наречен Exclusive, беше издаден во 2007 г. Во него се ноѓаа трите успешни синглови: неговиот втор сингл "Kiss Kiss" на којшто пее со Т-Пејн, што се најде на прво место на топ-листата Хот 100, "With You" и "Forever". Албумот Exclusive исто така беше двојно сертифициран како платина од страна на здружението на музичките сниматели на Америка.Третиот студиски албум на Браун, Graffiti (2009 г.), го вклучуваше синглот "I Can Transform Ya", со Лил Вејн и Суиц Биц којшто се најде на листата топ-дваесет. Во 2011 г. Браун го издаде својот четврт студиски албум F.A.M.E., којшто стана неговиот прв албум што се најде на прво место на табелата на Билборд 200. Албумот ги содржи сингловите "Yeah 3x", "Look at Me Now" со Лил Вејн и Баста Рајмс, и "Beautiful People" со Бени Бенаси. Албумот F.A.M.E. му ја донесе првата Греми награда на Браун за најдобар РнБ албум на 54те Греми награди. Неговиот петти студиски албум Fortune, беше издаден во јули 2012 г. Сепак, освен албумот Exclusive, албумите на Браун не беа добро примени од страна на музичките критичари.
Освен што снима музика, Браун исто така започна и глумечка кариера. Во 2007 г. тој ја започна својата филмска кариера во филмот Stomp the Yard, а се појави и како гостин во телевизиската серија The O.C. Други филмови во кои Браун се има појавено, ги вклучува: This Christmas (2007), Takers (2010) и Think Like a Man (2012). Во својата кариера Браун има освоено многу награди меѓу кои и: две NAACP Image Awards награди, три Американски Музички награди и девет БЕТ награди.
Во 2009 г. Браун се изјави виновен за физички напад врс пејачката и тогашната негова девојка Ријана. Тој беше осуден на пет години условна казна и на шест месеци служба на заедницата. Случајот доби огромно внимание од страна на медиумите и негативно влијаеше врз неговата кариера.