Ксавие Долан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ксавие Долан (роден на 20 март 1989) — канадски глумец, режисер, сценарист, уредник, костимограф и гласовен глумец. Својата кариера ја започна уште како дете, појавувајќи се во реклами. Подоцна започна со режирање на неколку независни филмови[1], од кои најголем меѓународен успех постигна со неговиот прв филм Ја убив мајка ми (J'ai tué ма mère), кој премиерно беше прикажан на Канскиот Филмски Фестивал во 2009 година.[2] Оттогаш има освоено многу награди за неговите филмски дела, вклучувајќи ја и Наградата од жирито на Канскиот Филмски Фестивал во 2014 година за филмот Мама (Mommy), како и Големата награда во 2016 година, исто така во Кан, за филмот Само крај на светот (Juste la fin du monde).[3][4][5]