Лав (филм од 2016)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лав (англиски: Lion) — драма филм од 2016 година, во режија на Гарт Дејвис по сценарио на Лук Дејвис, засновано на автобиографската книга Долг пат до дома на Сару Брирли. Во главните улоги се појавуваат Сани Павар, Дев Пател, Руни Мара, Дејвид Венам и Никол Кидман.
„Лав“ | |
---|---|
Режисер | Гарт Дејвис |
Продуцент |
|
Главни улоги |
|
Музика |
|
Кинематографија | Грег Фрејзер |
Монтажа | Александре де Франчески |
Студио |
|
Дистрибутер |
|
Премиера | 10 септември 2016 (2016-09-10) (Торонто) 25 ноември 2016 (2016-11-25) (САД) 19 јануари 2017 (2017-01-19) (Австралија) 20 јануари 2017 (2017-01-20) (Обединето Кралство) |
Времетраење | 118 минути[1] |
Земја | |
Јазик | |
Буџет | 12 милиони долари[2] |
Бруто заработка | 76.3 милиони долари[3] |
Филмот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Торонто на 10 септември 2016 година а потоа бил нашироко издаден на 6 јануари 2017 година. Филмот добил главно позитивни критики, и остварил заработка од 76 милиони долари во светски рамки. Лав добил шест номинации за Оскар на 89. доделување на наградите, и тоа за најдобар филм, најдобар спореден глумец (Пател), најдобра споредна глумица (Кидман), најдобро адаптирано сценарио, најдобра оригинална музика и најдобра кинематографија. Тој исто така бил номиниран во пет категории на БАФТА наградите, победувајќи во две, и тоа во категориите најдобар спореден глумец (Пател) и најдобро адаптирано сценарио.