Ла Гриле
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ла Гриле — вулкан во Коморските Острови на островот Големи Комори (исто така познат како Њазиџа).
Кратки факти Ла Гриле, Највисока точка ...
Ла Гриле | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4507 м |
Истакнатост | 1087 м |
Координати | 11.47° ЈГШ; 43.33° ИГД / -11.47; 43.33 |
Географија | |
Место | Големи Комори, Комори |
Геологија | |
Вид | штитест вулкан |
Последен избув | непознато |
Затвори
Ла Гриле претставува штитест вулкан на северниот крај на островот и нема купа на врвот како неговиот поголем и попознат сосед на југ, вулканот Картала. Базалтичкиот вулкан исто така, се разликува од Картала во изобилството на пирокластички конуси до висина од 800 метри.[1]. Конусите се издигаат заедно со фисури што се движат паралелно со гребенот на врвот, кој има неправилен профил и е издолжен во правец на север-југ[2], и од радијални пукнатини што достигнуваат до брегот. Неодамнешните лавини текови, некои можеби и млади неколку стотини години, стигнале до морето од пукнатините на долните западни, северни и источните крила.