Леден хотел (Јукасјерви)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Леден хотел (sw. Ishotellet) е туристички објект кој целиот е направен од лед и како таков е една од најголемите туристички атракции во северна Европа. Воедно тој е најголемиот хотел од лед во светот. Се простира на површина од преку 5.000 м2. Се наоѓа во селото Јукасјерви (св. Jukkasjärvi) коe е оддалеченo 17 километри од градот Кируна, во северниот дел на Шведска. Тој се вбројува во Седумте шведски чуда[1]. Хотелот по прв пат бил изграден во 1990 година и тогаш тој бил единствениот хотел од лед во светот. Од тогаш, хотелот се гради секоја година и отворен е сезонски - од декември до април. Во пролетта, целиот лед се топи и повторно се влева во реката Торне.