Либертадори
From Wikipedia, the free encyclopedia
Либертадори (шпански: Libertadores, „ослободувачи“) е поим со кој колективно се именуваат главните водичи на латиноамериканските војни за независност од Шпанија од Португалија. Овој поим е во спротивно значење со конквистадорите, кои биле шпански или португалски воени и политички лица кои ја ставиле Латинска Америка по шпанска или португалска управа.[1] За разлика од конвистадорите, либертадорите биле луѓе со европско потекло но родени во Латинска Америка. Тие биле од високата класа и често имале високо образование.