Либиј Север
From Wikipedia, the free encyclopedia
Либиј Север или Север III[2][3][4][5][6] — цар на Западното Римско Царство од 461 до 465 година. Како цар бил прогласен на 19 ноември 461 година[7][8][7][9], од страна на Рицимер, практичниот владетел на империјата. Сепак, византискиот цар Лав I одбил да го признае за цар и Либија де факто бил цар во сенка[10][11][12]. Либиј Север не поседувал никаква власт и никогаш не се појавил со некоја своја одлука во царството. Во 465 година бил тргнат од својството цар по заповед на Рицимер[13][8]:215 ff.[14]. Не е познато дали бил убиен или отровен од негова страна.