Лимена катедрала
прва независна украинска црква во Северна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лимена катедрала (англиски: Tin Can Cathedral, украински: Бляшана Катедра) е првата независна украинска црква во Северна Америка. Таа била срцето на Серафимова црква. Основана во Винипег, таа не била во општење со ниту една од европските цркви.
Имигранти од Украина почнале да пристигнуваат во Канада во 1891 година претежно од Австроунгарските покраини - областите Буковина и Галиција. Новодојдените од Буковина биле православни, а оние од Галиција - унијати. И во двата случаи близок за нив бил православниот обред. Во 1903 година имигрантите од украински потекло кои живеат во западниот дел на Канада, стануваат доволно многу на број, за да привлекуваат вниманието на верските водачи, политичари и специјалисти во областа на образованието.