Локална полиција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Локални законоспроведувачки органи, локална полиција, општинска полиција се полициски органи кои се под контрола на локалната администрација во една држава, како на пример општините или градските управи. Како такви, тие се финансирани од локалниот буџет и во одредени случаи имаат помалку овластувања отколку полицијата која дејствува на национално ниво. Тие најчесто се формираат за да се олесни работата на националната полиција на локално ниво и да се разбие можноста потребите на локалните заедници да бидат запоставени од државната полиција поради нејзиното централно уредување.