Луго (покраина)
покраина во Шпанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Луго (шпански и галисиски: Lugo) — покраина во североисточниот дел на автономната заедница Галисија, северозападна Шпанија. Се граничи со покраините Оуренсе, Понтеведра и А Коруња, кнежевството Астурија, Леон и Кантабриското Море (Бискајскиот Залив) на север. Административен центар е истоимениот град Луго.
Кратки факти Луго Lugo, Земја ...
Луго Lugo | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономна заедница | Галисија | ||
Седиште | Луго | ||
Управа | |||
• Претседател | Дарио Кампос Конде | ||
Површина | |||
• Вкупна | 9.856 км2 (3,805 ми2) | ||
Население (2022)[1] | |||
• Вкупно | 323.989 | ||
• Густина | 33/км2 (85/ми2) | ||
Пошт. бр. | 27--- | ||
Мреж. место | deputacionlugo.gal |
Затвори
Во 2022 г. населението броело 323.989 жители[1] од кои една четвртина живеат во главниот град. Градот потекнува од древно келтско време и наречен е по богот Луг (како што е и градот Лион). Подоцна името му е латинизирано во Лукус Августи и станал еден од трите најважни римски центри во Галисија заедно со Бракара Августа (денешна Брага) и Астурика Августа (денешна Асторга). Покраината има 67 општини.