Македонски пасош
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонскиот пасош е патна исправа која се издава на граѓаните на Република Македонија со цел да послужи за меѓународно патување. Важноста на пасошот е 5 години за лица под 27 години, и 10 години за лица над 27 години. За деца под четири години важноста на пасошот е ограничена на две години. Македонските пасоши се придржуваат кон препорачаните стандарди (т.е., големина, композиција, изглед, технологија) на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (IATA). Најновите македонски пасоши се биометриски пасоши.
Кратки факти
Македонски пасош | |
Предни корици на петте варијанти на македонскиот биометриски пасош | |
Првата страница на македонски биометриски пасош | |
Издава | Македонија |
Тип | пасош |
Намена | препознавање |
Услови за добивање | македонско државјанство |
Истек | 5 години за возраст до 27 г, 10 години за лица на 27 г. и постари. 2 години за деца до 4 г. |
Затвори