Макемаке
From Wikipedia, the free encyclopedia
Макемаке (136472 Макемакe, симбол: )[6] — третата најголема позната џуџеста планета во Сончевиот Систем и еден од двата најголеми објекти во Кајперовиот Појас (КПО). Пречникот на планетата е три четвртини од оној на Плутон.[7] Макемаке има една позната месечина. Крајно ниската просечна температура (околу 30 К (-243.15 °C)) значи дека неговата површина е покриена со мраз од метан, етан и можеби азот.[8]
Макемаке од вселкенскиот телескоп „Хабл“ | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Мајкл Браун, Чед Трухиљо, Дејвид Рабиновиц |
Откриено | 31 март 2005 |
Ознаки | |
ЦМП-ознака | (136472) Макемак |
џуџеста планета, плутоид, заднептунец [1] | |
Орбитални особености[2][3] | |
Епоха 28 јануари 1955 (ЈД 2 435 135,5) | |
Афел | 7 939.7 Гм (53,074 ае) |
Перихел | 5 760.8 Гм (38,509 AU) |
6 850.3 Гм (45,791 AU) | |
Занесеност | 0.159 |
113 183 d (309.88 a) | |
Просечна орбитална брзина | 4.419 км/с |
85.13° | |
Наклон | 28.96° |
79.382° | |
298.41° | |
Физички особености | |
Димензии | 1300–1900 км |
Среден полупречник | 750+200 −100 км[4] |
~7 000 000 км² | |
Зафатнина | ~1.8 × 109 км³ |
Маса | ~4 × 1021 кг |
Средна густина | ~2 g/см³ (пресметано) |
~0.47 м/с² | |
~0.84 км/с | |
Ѕвезден вртежен период | непознато |
непознато | |
Албедо | 78.2± (геометриски)[4] |
Температура | 30–35 K [c](assuming the same albedo) |
16.7 (противположба)[5] | |
-0.48[3] | |
Всушност, позната како 2005 FY9 (подоцна по името џуџеста планета број 136472) била откриена на 31 март 2005, од тимот предводен од Мајкл Браун и откритието било соопштено на 29 јули 2005. Неговото име доаѓа од богот Макемаке на народот Рапануи. На 11 јуни 2008 г. Меѓународниот астрономски сојуз (IAU) го вклучи Макемаке како потенцијален кандидат за добивање на статус „плутоид“, термин за џуџести планети, кои се наоѓаат зад орбитата на Нептун, распоредени меѓу Плутон и Ерида. Макемаке била формално класифицирана како плутоид во јули 2008.[9][10][11][12]