Макс Планк
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк Карл Ернест Лудвиг Планк (германски: Max Karl Ernst Ludwig Planck; 23 април 1858 – 4 октомври 1947) — виден германски теоретски физичар кој ја основал квантната теорија, за која добил Нобелова награда за физика во 1918.[1]
Макс Планк | |
---|---|
Планк во 1933 г. | |
Роден(а) | Макс Карл Ернст Лудвиг Планк 23 април 1858(1858-04-23) Кил, Војводство Холштајн |
Починал(а) | 4 октомври 1947(1947-10-04) (возр. 89) Гетинген, Долна Саксонија, Германија |
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Установи |
|
Образование | Минхенски универзитет Лудвиг Максимилијан |
Докторски ментор | Александар фон Брил |
Докторанди |
|
Други значајни студенти | Лиза Мајтнер |
Познат по |
|
Поважни награди |
|
Сопружник | Мери Мерк (1887–1909) Марга фон Хослин (1911–1947) |
Потпис | |
Белешки Неговиот син Ервин Планк бил погубен во 1945 година од страна на Гестапо поради неговата улога во заговорот за атентат врз Адолф Хитлер т.н. Јулски заговор. |
Планк направил многу придонеси за теориска физика, но неговата слава како физичар првенствено се потпира на неговата улога како основополижник на квантната теорија. Сепак, неговото име е исто така познато на поширока академска основа, преку преименување во 1948 на германската научна институција, Кајзер Вилхемско здружение (на кој двапати бил претседател), во Здружението „Макс Планк“. Здружението сега опфаќа 83 институции за научни специјализирања, како што е Институтот за еволутива антропологија „Мак Планк“.
Планковата квантна теорија ги револуционира човековите разбирања за атомските и субатомските процеси, исто како што Алберт Ајнштајновата теорија за релативноста го револуционира разбирањето за просторот и времето. Заедно тие ги сочинуваат основните теории на физиката од 20-от век.