Марк Андре тер Штеген
германски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк-Андре тер Штеген (гермснки изговор: [teːɐ̯ ˈsteːɡŋ̍]; роден на 30 април 1992 година е германски професионален фудбалер кој игра на позицијата голман и настапува за шпанската Барселона.[2][3][4]
Марк Андре тер Штеген | |||
---|---|---|---|
Тер Штеген со Барселона во 2014 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 30 април 1992(1992-04-30) (31 г.) | ||
Роден во | Менхенгладбах, Германија | ||
Висина | &100000000000001870000001,87 м[1] | ||
Позиција | Голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Барселона | ||
Број | 1 | ||
Младинска кариера | |||
1996–2010 | Б. Менхенгладбах | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009–2011 | Б. Менхенгладбах II | 18 | (0) |
2009–2014 | Б. Менхенгладбах | 108 | (0) |
2014– | Барселона | 103 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2007–2008 | Германија 16 | 7 | (0) |
2008–2009 | Германија 17 | 16 | (0) |
2009–2010 | Германија 18 | 8 | (0) |
2010–2011 | Германија 19 | 5 | (0) |
2012–2015 | Германија 21 | 13 | (0) |
2012– | Германија | 9 | (0) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 00:00, 17 April 2017 (UTC) ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 06:13, 23 March 2017 (UTC) |
После 4 поминати сезони во Бундеслигата со Борусија Мехенгладбах, каде што забележал 108 настапи, тој се приклучи на Барселона во трансфер вреден €12 милиони евра во 2014 година. Тој во својата прва сезона играјќи за Барселона ја освои Ла Лигата, Купот на Шпанија и Лигата на шампионите.
Тер Штеген за германската фудбалска репрезентација настапил во повеќе наврати за младинските селекеции, додека за сениорскиот тим своето деби го имал во 2012 година.
На 19 мај 2014 година, Тер Штеген беше најавен како нов голман на шпанскиот клуб Барселона, по заминувањето на Виктор Валдес и Жозе Мануел Пинто, во летниот преоден рок.[5] На 22 мај 2014 година, тој потпиша пет-годишен договор кој ќе го задржи во клубот до јуни 2019 година. Цената на трансферот изнесувала 12 милиони евра (£ 9,7 милиони), а клаузулата за откуп била поставена на 80 милиони евра (£ 63,6 милиони).[6] По овој потег, Тер Штеген се приклучи на клубот и изјавил дека го направил вистинскиот потег за да дојде во клубот .[7] Неколку дена по потпишувањето за Барселона, Тер Штеген бил претставен на стадионот на Камп Ноу и ја отфрлил споредбата со Виктор Валдес, тврдејќи дека "јас сум тоа што сум и тоа е тоа".[8]