Мартин Лутер Кинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мартин Лутер Кинг Јуниор (15 јануари 1929 - 4 април 1968 ) — афроамерикански баптистички свештеник, борец за граѓански права и добитник на Нобеловата награда за мир. Тој е еден од најзначајните личности во поновата историја на САД и се смета за еден од највлијателните поборници на ненасилството, а многу луѓе ширум светот го почитуваат како херој, миротворец и маченик. Како признание на неговата истакната улога во американската историја, во прв ред поради неговата улога за здобивањето на афроамериканците со основните човекови и граѓански права, во 1986, во негова чест, беше прогласен државен празник во САД, наречен Ден на Мартин Лутер Кинг, кој се празнува третиот понеделник во јануари секоја година.