Мауке
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мауке (шпански: Mauque) ― гратче во Чиле.[1] Тоа е планинско гратче Ајмара, кој се наоѓа во комуната Колчане, покраина Тамаругал, во регионот Тарапака, Чиле.[2] Се наоѓа во областа на Националниот парк Вулкан Ислуга, во клисурата на реката Чијапа. Поимот „мауке“ доаѓа од кечуанскиот збор маука (mauca) што значи „старец“ или „лице на старец“, како што е наведено од Франсиско Ризо Патрон во неговиот Географски речник на покраините Такна и Тарапака.[3] „Мауке“ може да потекнува и од ајмарскиот збор кавки (kawki) што значи диво овошје.