Маурисио Почетино
From Wikipedia, the free encyclopedia
Маурисио Роберто Почетино (шпански изговор: [mauˈɾisjo potʃeˈtino]; роден на 2 март 1972) — поранешен аргентински фудбалер, играч од одбраната. Тој е и поранешен репрезентативец на Аргентина. Во моментов тој е менаџер на екипата на Тотенхем од Лондон.
Маурисио Почетино | |||
---|---|---|---|
Почетино како менаџер на Тотенхем во 2016 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Маурисио Роберто Почетино[1] | ||
Роден на | 2 март 1972(1972-03-02) (52 г.)[1] | ||
Роден во | Санта фе, Аргентина | ||
Држава | Аргентина | ||
Висина | 1.82 м (6 ст 0 ин)[1] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Сегашен клуб | Тотенхем (менаџер) | ||
Повлекување | 2006 - како играч | ||
Младинска кариера | |||
Њуелс Олд Бојс | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1989-1994 | Њуелс Олд Бојс | 153 | (8) |
1994-2000 | Еспањол | 216 | (11) |
2001-2003 | Париз Сен Жермен | 70 | (4) |
2003-2004 | Бордо | 11 | (1) |
2004-2006 | Еспањол | 59 | (2) |
Total | 509 | (26) | |
Репрезентација | |||
1991 | Аргентина 20 | 3 | (0) |
1992 | Аргентина 23 | ||
1999–2002 | Аргентина | 20 | (2) |
Раководител на екипите | |||
2009–2012 | Еспањол | ||
2013–2014 | Саутхемптон | ||
2014– | Тотенхем | ||
|
Тој помина 17 години како професионален играч, каде што најголем дел од својата кариера настапувал за Еспањол при што забележал 275 натпревари и 13 постигнати голови..[2] Тој исто така настапувал за два француски клуба, Париз Сен Жермен и Бордо, како и аргентинскиот Њувел Бојс каде што ја започнал професионалната кариера. Бил дел и од фудбалската репрезентација на Аргентина на Светското првенство во 2002 година и на Копа Америка во 1999 година.
Почетино ја започна својата менаџерска кариера во Еспањол во јануари 2009 година, останувајќи на тренерското емсто 4 години. Потоа тој ја продолжил кариерата во Премиер Лигата во тимот на Саутемтон, а од 2015 година е на кормилото на Тотенхем. Во првата сезона во тимот на Тотенхем, тој го освоил второто место во Премиер лигата, веднаш зад сензацијата Лестер Сити, кој станал шампион во сезоната 2015/2016 година.