Махатир Мохамад
From Wikipedia, the free encyclopedia
Махатир бин Мохамад (малајски: Mahathir bin Mohamad, 10 јули 1925) — малезиски политичар кој бил четвртиот и седмиот премиер на Малезија. Премиерската функција ја држел во свој раце цели 22 години во периодот помеѓу 1981-2003 година. Неговата политичка кариера траеше речиси 40 години.
Махатир Мохамад | |
---|---|
4. премиер на Малезија | |
На должноста 16 јули 1981 – 31 октомври 2003 | |
Монарх | Ахмад Шах Искандар Азлан Шах Џафар Салахудин Мизан Заинал Абидин Сираџудин |
Заменик | Муса Хитам Џафар Баба Анвар Ибрахим Абдулах Ахмад Бадваи |
Претходник | Хусеин Он |
Наследник | Абдулах Ахмад Бадваи |
4. заменик премиер на Малезија | |
На должноста 5 март 1976 – 16 јули 1981 | |
Монарх | Јахија Петра Ахмад Чах |
Премиер | Хусеин Он |
Претходник | Хусеин Он |
Наследник | Муса Хитам |
21. секретар на Движење на неврзаните | |
На должноста 20 февруари 2003 – 31 октомври 2003 | |
Претходник | Табо Мбеки |
Наследник | Абдулах Ахмад Бадваи |
Лични податоци | |
Роден(а) | 10 јули 1925(1925-07-10) (98 г.) Алор Сетар, Британска Малаја (денес Малезија) |
Партија | Обединета малајаска национална партија |
Установа | Универзитет на Малаја |
Професија | лекар |
Вероисповед | ислам |
Потпис |
Се родил и израснал во градот Алор Стар во Кедах. Махатир се школувал и станал доктор по медицина. Меѓутоа започнал да се занимава со политика и бил активен деец на Обединетата малајска национална организација (ОМНО), најголемата малезиска политичка партија. Во 1964 година влегол во парламентот, но дошол во судир со тогашниот премиер Тунку Абдул Рахман и бил исклучен од ОМНО. По оставката на Тунку Абдул Рахман се вратил во ОМНО и парламентот, а подоцна влегол во владата. Во 1976 година бил назначен за заменик премиер, а во 1981 година, по оставката на Хусеин Он, бил инаугуриран во премиер.
За време на неговиот премиерски мандат, Малезија започнала брза модернизација и економски развој на Малезија, а неговата влада иницирала серија на храбри инфраструктурни проекти. Махатир бил доминантна политичка фигура, освојувајќи пет последователни политички избори и наметнувајќи се над своите соперници за водство на ОМНО. Сепак, неговата акумулација на власта била на сметка на независното судство, традиционалните сили и привилегиите на кралските семејство во Малезија. Мохамад врз основа на контроверзниот Закон за внатрешна безбедност ги ограничил политичките активности на нерелигиозните личности (кои според погледите на Махатир Мохамад не биле погодни за политичка дејност во една исламска Малезија) и политичките противници, вклучувајќи го и неговиот поранешен заменик премиер, Анвар Ибрахим. Тој се залагал за ограничување на граѓанските слободи и бил антагонистички насочен против дипломатските и економските интереси на САД, Велика Британија и Австралија, поради што Малезија била во лоши односи со овие држави. Како премиер, тој бил поборник за развој на третиот свет и презел разни меѓународни активности, како што е поддршка за антиапартхејдското движењето во Јужна Африка како и промовирање на интересите на Бошњаците во 90-тите години на 20 век за време на Босанската војна.
Махатир Мохамад по повлекувањето од премиерската функција останал политички активен, ја критикувал политиката на својот наследник Абдула Бадави и го поддржал неговиот заменик Наџиб Разак. Познат е по својата критика на западните држави, западната цивилизација и нејзините вредности [1]. По пензионирањето од функцијата премиер на Малезија, Махатир сè уште се смета за еден од највлијателните водачи во Источна Азија, земјите во развој и Движењето на неврзаните земји [2].