Мачорот во чизми
From Wikipedia, the free encyclopedia
"Мачорот во чизми" (италијански: [Il gatto con gli stivali] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); француски: [Le Maître chat ou le Chat botté] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) е европска книжевна бајка за мачка која со лаги, измами и сплетки сака да се стекне со моќ, со богатство и да ја освои раката на принцезата за неговиот сиромашен господар кој немал ниту имот ниту потекло. Најстарите записи датираат од италијанскиот автор Џовани Франческо Страпарола, во неговото дело Веселите ноќи на Страпарола (в. 1550-53) во XIV–XV. Друга верзија била објавена во 1634 од страна на Џамбатиста Базиле со наслов Каљузо, и потоа приказна, таква каква што е позната, била напишана на француски јазик при крајот на седумнаесеттиот век од страна на Шарл Перо (1628-1703), пензиониран државен службеник и член на Француската академија.[1] Приказната се појавила во неговата збирка од осум бајки наречена Приказни или сказни од минатото. Книгата доживеала успех и останува популарна до денес.
Илустрација 1843 | |
Автор | Шарл Перо Џовани Франческо Страпарола, за верзијата Среќниот Константино |
---|---|
Изворен наслов | Le Chat botté Il gatto con gli stivali |
Илустратор | Гистав Доре (во 19 век) |
Земја | Франција Италија |
Јазик | француски јазик италијански јазик |
Серијал | Истории или сказни од минатото, со наравоученија: Приказни на мајката Гуска (фр. Histoires ou contes du temps passé, avec des moralités: Contes de ma mère l'Oye) |
Жанр | Сказна |
Издавач | Барбен (фр. Barbin) |
Издадена | 1697 |