Мера (математика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мера, во математиката, концепт при кој на дадено множество од некој простор му се придружува ненегативен реален број.
Грубо и лаички кажано, мерата означува колку од просторот зафаќа множеството. Таа се воведува од практични причини во реалниот Евклидов простор. Мерата во еднодимензионалниот Евклидов простор е всушност должина, во дводимензионалниот е плоштина, додека во тридимензионалниот - волумен. За сите димензии над третата се користи само терминот мера.