Михаил II (Византија)
византиски цар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Михаил II наречен Амориецот или Пелтекот — византиски цар кој владеел од 820 до неговата смрт на 2 октомври 829 година, прв владетел на Аморијанската династија.
Михаил II | |
---|---|
Цар на Византија | |
Михаил II и неговиот син Теофил, основачи на Аморијанската династија. | |
На престол | 25 декември 820 — 2 октомври 829 |
Претходник | Лав V Ерменец |
Наследник | Теофил |
Роден(а) | 770 Амориј |
Починал(а) | 2 октомври 829 (возраст 59) |
Придружник | Текла, Ефросина |
Деца | Теофил |
Династија | Аморијанска династија |
Амориска или фригиска династија | |||
Хронологија | |||
Михаил II | 820–829 | ||
со Теофил совладетел, 822–829 | |||
Теофил | 829–842 | ||
со Константин (о. 833–835) и Михаил III (840–842) совладетели | |||
Михаил III | 842–867 | ||
под Теодора и Теоктист регенти, 842–855, и со Василиј I совладетел 866–867 | |||
Наследување | |||
Претходела Лав V и Арапска династија |
Следела Македонска династија |
Михаил бил војник, кој се искачил во висок чин заедно со неговиот другар Лав V Ерменец (владеел 813–820). Му помогнал на Лав да го тргне од престолот и да го заземе местото на царот Михаил I Рангабе. Меѓутоа, подоцна и самите ќе се разидат и Лав ќе го казни Михаил на смрт. Потоа, Михаил успева маестрално да спроведе заговор, кој ќе доведе до убиство на Лав на Божиќ во 820 година. Веднаш се соочил со голем револт на Тома Славјанинот, кој скоро и да го загубел престолот и не бил целосно уништен до пролетта 824 година. Подоцнежните години биле обележани со две големи воени катастрофи кои имале долгорочни ефекти: почнувањето на муслиманската окупација на Сицилија и загубата на Крит од Сарацените. На домашен терен го поддржал и го засилил верувањето во официјалното иконоборство, кое повторно започнале со Лав V.