Мијастенија гравис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мијастенија гравис спаѓа во групата на невромускулни болести. Се одликува со настапување на замор во мускулите после некој напор. Мијастенијата може да се јави во секоја возраст, како кај новороденчиња, така и кај постари лица. Жените заболуваат почесто од мажите. Мијастенија гравис претставувa заболување од автоимуна природа со прогресивна мускулна слабост, какo резултат на нарушувања во невромускулната спојка. Засегнати се мускулите на очите, мускулите за џвакање и мускулите на лицето, а поретко оние вклучени во респираторната функција. Според статистичките податоци, мијастенијата почесто ги погодува постарите жени, иако од неодамна ова заболување е регистрирано и кај помладата генерација. Името на болеста потекнува од латинскиот збор „мијастенија“, што значи мускулна слабост, и зборот „гравис“, што значи сериозно, тешко. Првиот опис на пациентите со мијастенија бил даден во 1672 година од страна на Томас Вилис (1621-1675 година), англиски лекар познат по истражувањата на нервниот систем.[5]
Мијастенија гравис | |
---|---|
Специјалност | Неврологија |
Симптоми | Различен степен на мускулна слабост, двојно гледање, спуштен очен капак, потешкотии со зборувањето, потешкотии со одењето[1] |
Вообичаена појава | Жени под 40 години, мажи над 60 години[1] |
Времетраење | Долготрајно[1] |
Причинители | Автоимуна болест[1] |
Диференцијална дијагноза | Гијен-Бареов синдром, ботулизам, труење со органофосфати[2] |
Третман | Лекови, хируршко отстранување на тимусот, плазмафереза[1] |
Лекови | Ацетилхолинестераза-инхибитори (неостигмин, пиридостигмин), имуносупресиви[1] |
Честота | 50 до 200 на милион[3][4] |