Мраморен регион
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мраморниот регион (турски: Marmara Bölgesi) е еден од седумте пописни региони (bölge) во Турција. Со површина од 67.000 км2, ова е најмалиот регион во земјата, но едновремено е најгусто населениот. Опфаќа околу 8,6% од површината на државата, а во него живее 30% од населението.
Регионот е основан на Географскиот конгрес во Анкара во 1941. Географски се дели на четири дела. Наречен е по Мраморното Море (Мармара), кое пак го носи името на островот Мармара.