Мрежа на Агенцијата за напредни истражувачки проекти
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мрежата на Агенцијата за напредни истражувачки проекти (на англиски: Advanced Research Projects Agency Network), ARPANET, е првата светска операционална мрежа за комутација на пакети и мрежното јадро од кое почна да се создава глобалниот Интернет. Мрежата е создадена од страна на мала истражувачка екипа во Институтот за технологија во Масачусетс и Одбранбената Агенција за напредно истражувачки проекти (англиски: DARPA), која е под контрола на Министерството за одбрана на САД. Целиот дизајн на насочување е направен според дизајните на Лоренс Робертс од Лабораторијата на Линколн.
Насочувањето на пакети денес е доминантен начин за податочна комуникација насекаде низ светот, меѓутоа, во почетоците на АРПАНЕТ било сосема нов концепт. Податочното комуницирање се темелело на идејата за комутација на кола, на пример како телефонско коло, каде телефонски повик резервира одредено коло за временски период на комуникациската сесија и комуникацијата е можна само помеѓу двете поврзани страни.
Со насочувањето на пакети, еден податочен систем користи една комуникациска врска да комуницира со повеќе од една машина, со собирање на податоците во дијаграми и пренесувајќи ги како пакети во мрежната врска, кога таа врска не се употребува. Со ова, не само што врската може да се дели, туку и еден пакет може да биде насочен независно од другите пакети.