НАТО-во бомбардирање на СР Југославија
From Wikipedia, the free encyclopedia
НАТО-во бомбардирање на Сојузна Република Југославија (Операција „Сојузничка сила“, анг. Operation Allied Force) — воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
НАТО бомбардирање на СР Југославија | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Косовската војна | |||||||||
Напади врз нафтената рафинерија во Нови Сад, предизвикувајќи еколошки катастрофи |
|||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
НАТО | Сојузна Република Југославија | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
генерал Весли Кларк Хавиер Солана (генерален секретар на НАТО) | Слободан Милошевиќ (врховен командант на оружените сили на СРЈ) Драгољуб Ојданиќ (начелник на генералштабот на војската на СРЈ) |
||||||||
Сила | |||||||||
околу 400 авиони на почетокот, до преку 1.000 на крајот од бомбардирањето | 85.000–114.000 припадници на регуларната војска; 20.000 полицајци; 15.000 доброволци; 14 военоспособни МиГ-29; Стотици ракети земја-воздух; |
||||||||
Жртви и загуби | |||||||||
2 загинати војника во несреќа на AH-64 „Апач“ надвор од зоната на воени дејствија 1 F-117A „Ноќен Јастреб“ стелт авион соборен; 1 F-16 „Борбен Сокол“ соборен; околу 30 беспилотни летала соборени; „Десетици“ италијански војници умреле после војната како последица од употребата на „оружја со осиромашен ураниум кои предизвикуваат рак“; | 462 загинати војници; 114 загинати припадници на специјалната полиција; 299 ранети војници; 11 МиГ-29 соборени; 1 J-22 „Орел“ соборен; 14 оклопни возила и артилериски орудија уништени на Косово; 489-528 цивилни жртви потврдени од страна на Human Rights Watch. Повеќе од 1.200 загинати според југословенскиот комитет за соработка со УНИЦЕФ; |
||||||||
3 кинески новинари убиени при бомбардирањето на кинеската амбасада во Белград |
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.[1] Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.
НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно,со добро посакувана хуманитарна причина. Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации,каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, исто така ова бомбардирање немаше согласност и од американскиот Конгрес којшто ги отфрлил идеите од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, да се предложи да се нападне СРЈ,иако Американскиот претседател реагирал неуставно според американските закони.