Насобирање (астрофизика)
вид астрофизички процес / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во астрофизиката, насобирањето или акрецијата е акумулација на честички во масивен објект со гравитациско привлекување на повеќе материја, обично гасовита материја, во насобирачки диск. Повеќето астрономски објекти, како што се галаксиите, ѕвездите и планетите, се формираат со процеси на насобирање.