Национален парк Ваденско Море (Долна Саксонија)
национален парк во Долна Саксонија, Германија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Национален парк Долносаксонско Ваденско Море (германски: Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer) — национален парк во сојузната покраина Долна Саксонија, дел од германското Ваденско Море. Паркот бил основан во 1986 година и ги вклучува Источнофризиските Острови, калливиот морски брег и солените мочуришта помеѓу заливот Долар на границата со Холандија на запад и Куксхафен на исток. Националниот парк има површина од околу 345.800 хектари.[2] Управата на националниот парк се наоѓа во Вилхелмсхафен. Во јуни 2009 година, националниот парк станал светско природно наследство на УНЕСКО заедно со Ваденско Море Шлезвиг-Холштајн и холандскиот дел од Ваденското Море, поради својата посебност во однесувањето на плимата и еко-системот.[3]
Кратки факти Национален парк Долносаксонско Ваденско Море, Место ...
Национален парк Долносаксонско Ваденско Море | |
---|---|
Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer | |
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Пилзумер Ват од полуостровот Лојхерн, Источна Фризија | |
Место | брегот на Северното Море, Долна Саксонија, Германија |
Воспоставен(а) | 1 јануари 1986 г. |
Светско наследство | 2009 |
Службен назив: Wattenmeer, Ostfriesisches Wattenmeer & Dollart | |
Прогласено: | 26 февруари 1976 |
Број | 82[1] |
Затвори