Најдолги серии без примен гол во фудбал на сите времиња
From Wikipedia, the free encyclopedia
Оваа статија ги прикажува најдолгите серии на голманите без примен гол во фудбал. Сериите се состојат од број на последователни минути во кои голманот не примил ниту еден гол.
Светскиот рекорд го држи поранешниот бразилски голман на Васко да Гама, Мазаропи, кој во бразилското првенство не примил гол цели 1816 минути од мај 1977 година до септември 1978 година.[1] На второ место на овој список се наоѓа белгиецот Дани Верлинден, кој бранејќи за Клуб Бриж ја одржил својата мрежа сува 1390 минути.