Нефертити
Жена на Египетскиот фараон Акенатен / From Wikipedia, the free encyclopedia
Нефертити (што се изговарало отприлика како нафратита) (1370– 1330 п.н.е.) била Големата Кралска Сопруга (или главна придружничка/сопруга) на египетскиот фараон Акенатен/Акенатон/Ехнатон. Таа била мајка или маштеа на фараонот Тутанкамон. Нефертити веројатно владеела како фараонка според наследно право и тоа под името Нефернеферуатен веднаш по смртта на сопругот и пред доаѓањето на Тутанкамун, иако неговата идентификација е непотврдена според последните истражувања. Нејзиното име грубо преведено значи „убавата (или совршената) жена дојде“. Нејзиното име исто така е име за издолжен златен бисер што се нарекува нефер, со кој честопати е насликана. Таа стана славна заради нејзината биста во Берлинскиот музеј. Таа биста е едно од најкопираните дела на древниот Египет. Припишана е на вајарот Тутмос и била пронајдена во неговата гробница. Бистата е значајна, бидејќи укажува дека древните Египќани имале познавање за реалистичните фацијални пропорции. Таа имала бројни титули. Така на пример во Карнак има натписи во кои стои; Наследничката, Полна со Доблести, Што поседува Шарм, Која зрачи Радост, Господарка на Милоста, љубената, што го утешува кралското срце во неговата куќа, Господарка на Горниот и Долниот Египет, Големата Кралска Жена, која ја љуби, Божицата на Двете Земји, Нефертити.