Новаја Газета
From Wikipedia, the free encyclopedia
Новаја Газета — независен руски весник познат по своето критичко и истражувачко покривање на руските политички и општествени работи.[1][2] Се објавува во Москва, во регионите во Русија и во некои странски земји. Печатеното издание се објавува во понеделник, среда и петок; Написите на англиски јазик на веб-страницата се објавуваат неделно во форма на билтенот „Русија. Објаснето“.
Тип | тринеделно – Понеделник, среда, петок |
---|---|
Формат | A2 |
Сопственик |
|
Основач | Група поранешни новинари од Комсомолскаја Правда |
Главен уредник | Димитриј Муратов |
Јазик | руски |
Седиште | Москва |
Тираж | 90,000 |
ISSN | 1682-7384 |
OCLC | 58481623 |
Страница | |
Беспл. архив | novayagazeta.ru/issues |
Седум новинари на Новаја Газета, меѓу кои и Јуриј Шчекочихин, Ана Политковскаја и Анастасија Бабурова, биле убиени од 2000 година, во врска со нивните истраги.[3]
Во октомври 2021 година, главниот уредник на Новаја Газета Дмитриј Муратов, ја добил Нобеловата награда за мир, заедно со Марија Реса, за нивната заштита на слободата на изразување во нивните татковини.[4]
На 28 март 2022 година, поради тековната руска инвазија на Украина во 2022 година, весникот ги прекинал своите печатени активности откако добил второ предупредување од Роскомнадзор.[5]