Облека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Облека — текстил, направен од влакна, која се носи врз телото. Носењето на облека обично се ограничува на човечките суштества и претставува особина на речиси сите човекови општества. Количината и видот на облеката која се носи, зависи од физичките, општествените и географските фактори. Некои видови на облека се полово определени, но ова не ги вклучува транвеститите.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Физички, облеката служи за повеќе цели: може да се користи како заштита од природните појави и да ја зголеми сигурноста при ризичните активности како што се пешачењето и готвењето. Со поставување на граница помеѓу кожата и околината, таа го заштитува носителот од нерамните површини, растенијата кои предизвикуваат исфрлање на кожата, убоди од инсекти, спици, трње и боцки. Алиштата може да не заштитат од студ и од топлина. Покрај тоа, тие можат да обезбедат хигиенска граница, држејќи ги заразните и отровните материи подалеку од човечкото тело. Облеката исто така обезбедува заштита од штетното ултравиолетово зрачење.