Окупација на Грција во Втората светска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Окупацијата на Грција од страна на Силите на Оската (грчки: Κατοχή) започнала во април 1941 година кога Нацистичка Германија ја нападнала Грција за да и помогне на Фашистичка Италија, која била во војна со Грција од октомври 1940 година. По освојувањето на Крит, цела Грција била окупирана до јуни 1941 година. Окупацијата на копното траело додека Германија и нејзиниот сојузник Бугарија не биле принудени да се повлечат под сојузничките притисоци на почетокот на октомври 1944 година. Сепак, германските гарнизони останале на Крит и некои други егејски острови, сè до крајот на Втората светска војна во Европа, кога се случило предавање на овие острови во мај и јуни 1945 година.
Окупација на Грција од Силите на Оската | |
---|---|
1941. Германски војници кои го подигаат германското знаме над Акропол. | |
1944. Премиерот Јоргос Папандреу на Акрополот по ослободувањето |
Фашистичка Италија првично објавила војна и ја нападнала Грција во октомври 1940 година, но грчката армија првично успеала да ги врати до границата со Албанија, а потоа и ги протерала во италијанскиот протекторат. Нацистичка Германија интервенирала за да го спаси својот сојузник во Јужна Европа. Додека поголемиот дел од грчката армија била дислоцирана на албанскиот фронт за да се одбрани од италијанските контра-напади, во април 1941 година започнала германската блицкриг кампања, а до јуни (со освојувањето на Крит) Грција била поразена и окупирана. Како резултат на тоа, грчката влада заминала во егзил, а во земјата била формирана колективна влада. Понатаму, територијата на Грција била поделена на окупациски зони од страна на Оската, при што Германците продолжиле да оперираат со најважните региони на самата земја, вклучувајќи ги Атина, Солун и најстратегиските Егејски Острови. Другите региони во земјата биле дадени на германските партнери, Италија и Бугарија.
Окупацијата ја уништила грчката економија и предизвикало страшни тешкотии за грчкото цивилно население[1]. Голем дел од Грција бил подложен на масовно уништување на својата индустрија (80%), инфраструктура (28%), пристаништа, патишта, железници и мостови (90%), шуми и други природни ресурси (25%)[2][3][4] и цивили (7,02% - 11,17% )[5][6]. Повеќе од 40.000 цивили загинале само во Атина од глад, десетици илјади други загинале поради одмазда од страна на нацистите и нивните соработници[7].
Еврејското население во Грција било речиси уништено. Од неговата популација од 72.000, само 12.000 (16.66%) преживеало, или со приклучување на отпорот или преку сокривање. Повеќето од загинатите биле депортирани во Аушвиц, додека оние во Тракија, под бугарска окупација, биле испратени во Треблинка. Италијанците не ги депортирале Евреите што живееле на територијата што ја контролирале, но кога Германците ги презеле и нивните региони, депортирањето на Евреи продолжило.
Во исто време било формирано и Движење на отпорот, едно од најефикасните движења на отпорот во Окупирана Европа. Овие групи на отпорот започнале герилски напади врз окупаторските сили и формирале големи шпионски мрежи. До крајот на 1943 година групите на отпорот започнале да се борат меѓу себе. Кога ослободувањето на копното дошло во октомври 1944 година, Грција била во состојба на екстремна политичка поларизација, што наскоро довело до започнување на Граѓанска војна. Последователната граѓанска војна им дала можност на многумина истакнати нацистички соработници не само да избегнат казна (поради нивниот антикомунизам), туку да станат владејачка класа на поствоена Грција, по поразот на комунистите[8][9].
Грчката влада во 2014 година тврдела дека Грчкиот отпор убил 21.087 војници на Оската (17.536 Германци, 2.739 Италијанци, 1.532 Бугари) и заробила 6.463 (2.102 Германци, 2.109 Италијанци, 2.252 Бугари), а биле убиени и 20.650 грчки партизани и непознат број заробени. Овие бројки според некои, веројатно се претерани[10].