Олибриј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Олибриј бил цар на Западното Римско Царство од 11 јули 472 до 23 октомври 472 година. По ограбувањето на Рим во 455[2] година од страна на Гејзерх, тој избегал во Цариград, каде во 464 година станал конзул, а во исто време се оженил со ќерката на Валентијан III. Во 472 година бил испратен во Италија од страна на Лав I за да помогне на Антемиј во бунтот со Ликимер. Но убивајќи го неговиот соперник, се самопрогласил за цар. Поради свадбата си со Плацидија, тој може да се смета за последниот претставник од т.н. Теодосиева династија. Починал за време на епидемијата од 472 година.