Олимпија де Гуж
From Wikipedia, the free encyclopedia
Олимпија де Гуж (7 мај 1748 — 3 ноември 1793 ) — родена во Монтобан, во близина на Тулуза, во Јужна Франција како Мари Гуж. Мотивирана од револуционерните случувања од 1789, редовно ги посетувала седниците на Националното собрание. Била француски драмски писател и политички активист, чии списи за правата на жените и за одстранувањето на смртната казна достигнале голема публика.
Олимпија де Гуж | |
---|---|
Роден(а) | 7 мај 1748(1748-05-07) Монтобан, Гиен, Франција |
Починал(а) | 3 ноември 1793(1793-11-03) (возр. 45) Конкорд, Париз, Франција |
Занимање | Феминистка, активистка, драмски автор, аболиционистка |
Потпис |
Таа ја започнала својата кариера како драматург во раните 1780-ти. Како што политичките тензии се зголемиле во Франција, де Гуж станала сè повеќе политички инволвирана. Таа станала поборник за подобрување на состојбата на робовите во колониите во 1788 година. Во исто време, таа почнлаа да пишува политички памфлети. Денес таа е можеби најдобро позната како протофеминистка која побарала жените да ги имаат истите права како и мажите. Во нејзината Декларација за правата на жената и граѓанката (1791), таа ја изложила неправедната практика на машкиот авторитет и поимот за машко-женска нееднаквост.