Опиумски војни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Опиумските војни (поедноставен кинески: 鸦片战争; традиционално кинсеко писмо: 鴉片戰爭) биле две војни што се воделе помеѓу династијата Ќинг и западните сили кон средината на 19 век. Првата опиумска војна (1839 -1842 г.), во која Кинески Ќинг војувал против Обединетото Кралство, била поттикната од кампањата на династијата против британските трговци кои продавале опиум во Кина. Втората опиумска војна се водела помеѓу Ќинг и Обединетото Кралство и Франција (1856–1860). Во двете војни, модерната воена технологија на европските сили придонеле за лесна победа над силите на Ќинг, и Кинезите биле принудени да им овозможат поволни царини, трговски отстапки, репарации и да им отстапат територија на Европејците.
Опиумски војни | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Век на понижување | |||||||
Поморска битка во Првата опиумска војна (лево), Битката кај Паликао (десно) | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Прва опиумска војна:
| Прва опиумска војна: | ||||||
Втора опиумска војна:
| Втора опиумска војна: |
Војните и мировните договори кои следеле по нив ја ослабнале династијата Ќинг и кинеската империјална влада и ја принудиле Кина да отвори договорни пристаништа (како тоа во Шангај) преки кои се одвивала целата трговија со царските сили.[1] Покрај тоа, Кина ѝ го отстапил суверенитетот над Хонгконг на Обединетото Кралство.
Во тоа време, почнала да се намалува силата на кинеската економија, но големите востанија во Тајпинг и Дунган имале многу поголем ефект.[2]